За нас

Управа на друштвото

Slavko Ledić

Претседател на Управа

Славко Ледиќ е роден 1974 година во Томиславград во Босна и Херцеговина. Дипломирал на Економскиот факултет, Универзитет во Загреб.  Исто така, има завршено неколку програми на IEDC Блед Бизнис школа. Учествувал во меѓународната програма за професионален развој International supermarket management class – IGA Coca Cola institute во Атланта (САД).

Својата кариера ја започна како шеф на регионот во компанијата Аластор д.о.о., потоа оди на позицијата директор за продажба и застапник на Амфора Макарска, па во Кроатиа Осигурање на позиција регионален директор.

Во Конзум доаѓа во мај 2005 година, и откако води важни проекти и сектори на компанијата, на почетокот на 2016 година ја презема функцијата претседател на Управниот одбор на Конзум и остана на чело на Конзум до мај 2020 година.

Стапува на должност Претседател на Управниот одбор на 16 мај 2020 година.

Milena Vušak

ЧЛЕН НА УПРАВА

Милена Вушак родена е во Загреб 1971 година.

На Економскиот факултет ‘’ Sveučilišta'' во Загреб дипломирала во 1995 година и ја започнува кариерата на позиција комерцијалист во компанијата Магма, во која напредува до позицијата Раководител на големи/клучни купувачи.

Во тимот на AWT International  се приклучува во 2001 година, а две години покасно кариерата ја продолжува во мултинационалната компанија Mars, во која подоцна доаѓа до позицијата  Директор на продажба за Хрватска.

Од 2010 година својот професионален развој го гради во мултинационалната конпанија Kraft Fods (подоцна Mondelez) во Хрватска на позиција Директор за продажба, каде четири години подоцна е именувана за претседател на Управата одговорна за Хрватска и Словенија.

Vo Краш се приклучува во Март 2020 година на позиција советник на Управата за маркетинг и продажба, а од Декември 2020 година е на позиција член на Управата на компанијата.

Davor Bošnjaković

ЧЛЕН НА УПРАВА

Давор Божњаковиќ, роден во Нашице, дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот во Осиек во 2001 година.

Својата професионална кариера ја започнал додека студирал во компанијата „Веритас“, а од 2003 до 2006 година поминал во три компании од групацијата „НЕКСЕ“ на позициите контролор, а подоцна и директор на компанијата „Славонија ИГМ“. Од 2006 година се префрла на компанијата „Беjeе“ како директор за производство на храна, а од 2009 до 2015 година е член на Управниот одбор на „Белје“ и од 2012 година претседател на Управен одбор на здружена компанија „Вупик дд“ Од 2015 година е претседател на Управниот одбор на компанијата „Белје“, односно од 2017 година правен наследник на „Белје плус д.о.о.“.

Тој му се придружува на Краж на 1 јануари 2021 година. на позиција член на Управата за производство и набавки.

За нас