Milky Zoo – нова чоко авантура со најсаканите ликови од Životinjsko carstvо

Чоколадниот крокодил Кроко, пандата Аманда, жирафата Грација, галебот Стипе и лавот Леополд го чуваат богатото млечно полнење во внатрешноста на чоколадото.

Сите знаат дека во Животинското царство на Краш владеат животните и повеќе од 75 години развеселуваат многу генерации на потрошувачи. Чоколадото Životinjsko carstvо е легендарен сладок десерт кој во својата шарена обвивка крие големо знаење за животинскиот свет.

Новото чоколадо Životinjsko carstvo е полнето млечно чоколадо  со ликовите од Životinjsko carstvo. Чоколадниот крокодил Кроко, пандата Аманда, жирафата Грација, галебот Стипе и лавот Леополд се наоѓаат на новите чоколади и го чуваат богатото млечно полнење во внатрешноста на чоколадото.

Најдобро од се е што забавата почнува дури откако ќе го изедеш чоколатцето! Во внатрешноста на обвивката од чоколадото се наоѓа единствен код кој можеш да го внесеш во дигиталниот албум Životinjsko carstvo на www.igraoni.ca., да освоиш дополнителни награди и да го запознаеш дигиталниот свет на Životinjsko carstvo.