Посебна понуда на брендот Dorina

Омиленото чоколадо на безброј потрошувачи се наоѓа и во асортиманот на Крашови пралини и дражеи. 

Раскошниот лешник со Dorina чоколадото во форма на срце се вистински знак на внимание за саканата личност, но и за личните моменти на уживање во чоколадото.

За сите љубители на мали вкусни залчиња тука се Dorina дражеите.  Срцето од лешник и бадем, како и она од експандиран ориз и суво грозје лесно се топат во комбинација со Dorina чоколадото. Златното пакување на различни мали чоколадни задоволства е подарок без кој е тешко да се замисли времето на дарување како и личните чоколадни моменти.