Историјат
Принт

Историјат

Безмалку веќе 100 години многубројни поединци, а и цели генерации, допринесуваат кон израснувањето на Краш во модерна кондиторска компанија.

КРАШОВАТА “слатка” историја започнува во 1911 година кога фабриката УНИОН во Загреб започнува со работа како прв производител на чоколадо во југоисточна Европа. Веќе од самиот почеток, слатките произведени во оваа фабрика се здобиваат со највисокото признание - УНИОН станува царски и кралски добавувач на виенскиот двор.

Во 1923 година, во Загреб, лоцирана на Савска цеста, компанијата БИЗЈАК започнува со производство на двопек, кекси и вафли. Благодарејќи на умешноста на нејзиниот сопственик, компанијата набрзо станала позната по домашните кекси на пазарот на поширокиот регион.

Во 1992 година општественото претпријатие се трансформира во акционерско друштво Краш. Од тогаш, па се до денес Краш се развива како современо организирана и пазарно ориентирана компанија, чии производи се присутни и познати и на светските пазари. При тоа го почитуваме и негуваме своето богато минато, кое се темели на врвниот квалитет на производи, наградени со верноста од генерациите на Крашови потрошувачи.

АКЦИЈА Играоница Kikimania Gdje smo Прегратка на дар Новогодишно-божиќна програма на Краш