Настани

Нови производи
  • Dorina Fifty со ориз 75g.

    Врвно темно чоколадо co нов неодолив вкус и елегантно пакување од 75 г. Финото Крашово чоколадо со 50-процентен удел на какао е вистинско уживање за искусните познавачи и оние кои тукушто почнуваат да го откриваат волшебниот свет на темните чоколади. Овој единствен спој на темно чоколадо и ориз нуди оригинално чоколадно искуство.
  • QUARTET

    КВАРТЕТ е единствената бонбониера која ги спојува најомилените чоколадни вкусови на многумина во една целина.Оваа бонбониера нуди избор кој ги задоволува сите: GRIOTTE, FONTANA, BAJADERA и ESCURA. Четири во еден создава единствена мелодија од десерти КВАРТЕТ!
  • Краш Експрес

    Краш Експрес напиток со витамини и калциум во ново руво останува неизбежен дел во растењето на децата, додека ДХА омега 3 масните киселини, 8 житарици, кафеавиот шеќер, криспите и медот се главни состојки во новото чајно печиво, со облик на локомотива, со идеални димензии за детските рачиња и за конзумација заедно со млеко, Краш Експрес напиток или едноставно како кекс.
  • Конфети

    Пристигнаа белите конфети на Краш наменети за сите Ваши убави моменти, неповторливи свадби и прослави.
    Грижливо одбраниот бадем вронет во бела шеќерна обвивка создава оригинален и високо квалитетен производ каков што само Краш може да понуди. Побарајте го во сите наши продавници.
  • Животинско царство Диносауруси

    Животинско царство ти носи ново изненадување-посебно издание на сликички Диносауруси. Технологијата на проширена реалност ти овозможува да го откриеш светот на Диносаурусите на супер возбудлив начин и да го поделиш со пријателите.
    Тука е секако и нова возбудлива друштвена игра која ти овозможува незаборавни моменти на забава.
    Како и секогаш, КРАШ ќе ги награди вредните колекционери со cool подарок - web камера.
    Правилата за наградната игра, како и упатствата за користење на AR кодот побарај ги на www.igraoni.ca
  • Наполитанки Краш

    Одсега најбараните наполитанки во ново руво!
     
    Традиционално добрите наполитанки на Краш со вкус на чоколаден крем, нугат, лешник и лимон/портокал се редизајнирани и создадени за големи дружења со пријателите...
  • Пригодни кекси Слатка Бајка

    Во пресрет на новогодишните празници Краш подготви две нови празнични печива, и тоа:

    Zimsko pecivo (печиво со путер и декорирано со прелив) и
    Speculaas (печиво со цимет и бадем).
    Вкусете ја новогодишната магија!
  • Дорина со цимет и јаболко

    Пробајте го новиот зимски вкус на Дорина пралините на печено јаболко и цимет и доживејте вистинска зимска идила!
  • ESCURA

    ESCURA е името на новите пралини и новата гордост на Краш. ESCURA потекнува од синонимот за темно какао во татковината на какаото-Шпанија и Португалија, кое се содржи 77% во темното чоколадо што ги обвиткува пралините. Во срцето на секоја пралина се наоѓа цел лешник вронет во фина крема од лешници. ESCURA - врвно слатко задоволство!
  • Дорина Чокса лешник

    Пристигна новиот вкус во семејството на Дорина Чокса чоколадите-Чокса лешник во новогодишна амбалажа! Збогатено со калциум и Б витамини, ова чоколадо со фино млечно лешник полнење придонесува за среќата на детските лица. Купете и уверете се!
  • Пржен бадем

    На барање на нашите верни потрошувачи пржениот сладок бадем е повторно во нашата палета на производи. Оригинален и единствен остава уникатен вкус на задоволство и традиција.
  • Крем тортица

    Одлична ужина за инстант енергија!
    Новата чоколадирана тортица со полнење од крем лешник, комбиниран со крцкав вафел нуди неодолив сладок вкус за сите генерации. 
  • Дорина Чокса

    Чокса! Чоколадо полно со млеко! Ова не е обично чоколадо. Чокса е вистински десерт од А до Ч!  Во разиграната амбалажа се крие врвно млечно чоколадо со млечно полнење-богато со калциум и Б витамини. За оние кои ја сакаат играта со вкусови, Чокса нуди комбинација на банана и Petit Beurre кекс, но и оригинално доживување на вкусот на Kraš  Express. Сепак, најдоброто кај Чокса доаѓа на крај, а тоа е чувството на искрена, слатка детска среќа!

  • Интегрална Домаќица

    Ново чоколадирано интегрално издание на Домаќица со 23% Дорина Фифти Портокал! Вкусете го и одберете ја Вашата омилена Домаќица!
  • Домаќица бела

    Ве информираме дека започна продажбата на нашиот нов артикал - Домаќица бела со додаток на цимет. Специфичниот вкус на пригодната Домаќица, го прави додатокот од цимет во тестото, со што се добива нота на многу пригоден вкус, кој е традиционално поврзан со новогодишните празници. Со циметот, новина е и преливот од бело чоколадо.
  • Дорина јогурт боровница, црна рибизла

    Новиот производ Дорина јогурт боровница и црна рибизла е наменет за освежување во летните месеци, а полнењето на чоколадото кое е врз база на јогурт со боровница и црна рибизла има благо-киселкаст вкус, кој совршено одговара на слаткото бело чоколадо. Пробајте го најдоброто летно освежување - Дорина јогурт  боровница и црна рибизла!
  • КИКИ карамела играчка

    Пристигна Кики кловнот за најмалите потрошувачи, полн со Кики бомбони! Оваа симпатична детска играчка со притисок на главата испушта звук и е одлична идеја  за подарок на секое дете, затоа што децата го обожаваат!
  • Сара микс

    Сара микс претставува мешавина на чајни кекси и вафли од стандардниот асортиман на Краш, со цел во едно пакување да се задоволат сите вкусови на нашите верни потрошувачи. Во составот на овој производ се содржат: Сара чајно пециво, Марина чајно пециво, чајни тркалца со какао прелив, Златка чајно пециво и вафел коцка со какао прелив.
  • Чајни тркалца

    Чајните тркалца со какао прелив претставуваат освежување на Крашовата понуда во делот на чајните пецива и вафли.  Во продажба се наоѓаат во 350 г. практично пакување во кесичка.
  • Бронхи минт

    Бронхи оранж, гуарана и вајт минт се новите гумени бомбони кои не содржат вештачки бои и масти! Бронхи оранж минт се сочни гумени бомбони со природна арома на портокал и ментол, додека Бронхи гуарана минт се одличен додаток на брзиот начин на живот. Бронхи вајт минт пак, содржат ментол кој го олеснува дишењето.
  • Импулсни десерти

    Во продажба се новите Крашови импулсни десерти кои се наменети за сите оние кои чувствуваат потреба за мала слатка доза на врвно доживување или за секојдневно квалитетно задоволство. Изборот е Ваш: Бајадера, Гриотте и Фонтана - сега во неодоливи мали пакувања, секаде со Вас.
  • Кики црна рибизла

    Омилените КИКИ бомбони од сега и со вкус на црна рибизла. Без вештачки бои, а со додаток на витамини и минерали се вистински избор за Вашите деца. Било каде-КИКИ секаде!
  • ГРИОТТЕ

    Ви ги претставуваме Гриотте, искушение на кое тешко може да се одолее.
    Крашовите Гриотте се изработуваат според изворна рецептура која датира од почетокот на минатиот век.
    Свежи миризливи вишни од Крашовите градини, дозреани на сонце и измиени од роса, се потопуваат во буриња со алкохол со месеци, оплеменувајќи го со своите раскошни сокови. Вронети во нежен фондан и ликер од вишни, се обвиткуваат со тенок слој од темно чоколадо со врвен квалитет.Оваа неодолива комбинација на сочна вишна и Крашова темна чоколада нуди вистинско задоволство и на најизбирливите љубители на слатки делиции.
    Од сега Гриотте во ново заводливо руво!
  • Волшебна Бајадера

    Волшебната Бајадера, кралица на десертите, освојува со својот раскошен вкус.

    Десетлетија наназад се изработува според оригинална, заштитена Крашова рецептура која и дава единствен вкус и заводничка моќ на топење.

    Најфината нугат крема оплеменета со бадем ги освојува и најизбирливите сладокусци.

    Бајадера - синоним за врвна бомбониера, подарок за секоја пригода и омилен десерт на сите генерации. 

    Бајадера. Волшебно врвно задоволство.
  • Дорина портокал 124 г.


    Оваа нова бомбониера содржи чоколаден десерт во облик на срце, кој е изработен од темно чоколадо со фино полнење од портокал. Има специфичен и неодолив вкус заради комбинацијата од какао и природна арома на портокал.
  • Дорина десерт

    Омилената чоколада сега и во вид на десерт.
    За сите љубители на Дорина чоколадата Краш подготви ново изненадување.
    Вашата омилена Дорина јагода или Дорина лешник чоколада, од сега побарајте ја и во вид на десерт.
  • Дорина - Bubbleadi

    "Bubleadi" се нови Дорина чоколади со меурчиња од воздух, наменети првенствено за децата и младите.

    Аерираните чоколади Dorina Bubbleada Full cool 95g. и Dorina Bubbleada noissette 95g. се одликуваат со фина млечна-карамел арома, извонредна мекост и оригинална структура.
  • Бронхи

    Бронхи Оригинал и Бронхи Ајс -- Полесно се дише!
    Карамели со билни екстракти за здрава навика
    Бронхи Оригинал и Бронхи Ајс
    Полесно се дише!
  • Животинско царство

    Најтенкото и најдобро детско чоколадо, кое со своите сликички и албуми преку 70 години со несмалена популарност ги развеселува најмладите, ги едуцира и ја "храни" нивната љубов кон животните.
  • Ки-Ки

    Веселите КИ-КИ гумени бомбони и карамели, освен слатка разонода, нудат и сигурност.
    Збогатени со овошје, без вештачки бои, со додаток на витамини и минерали се вистински избор на бомбони за деца.
  • Животинско царство

    Најтенкото и најдобро детско чоколадо, кое со своите сликички и албуми преку 70 години со несмалена популарност ги развеселува најмладите, ги едуцира и ја "храни" нивната љубов кон животните.
  • Дорина

    Семејството на Крашови чоколади под заедничко име ДОРИНА претставува успешен спој на традиција, мајсторска изработка на чоколадо и врвен квалитет.
Слједеќи Претходен
  • Dorina Fifty со ориз 75g.
  • QUARTET
  • Краш Експрес
  • Конфети
  • Животинско царство Диносауруси
  • Наполитанки Краш
  • Пригодни кекси Слатка Бајка
  • Дорина со цимет и јаболко
  • ESCURA
  • Дорина Чокса лешник
  • Пржен бадем
  • Крем тортица
  • Дорина Чокса
  • Интегрална Домаќица
  • Домаќица бела
  • Дорина јогурт боровница, црна рибизла
  • КИКИ карамела играчка
  • Сара микс
  • Чајни тркалца
  • Бронхи минт
  • Импулсни десерти
  • Кики црна рибизла
  • ГРИОТТЕ
  • Волшебна Бајадера
  • Дорина портокал 124 г.
  • Дорина десерт
  • Дорина - Bubbleadi
  • Бронхи
  • Животинско царство
  • Ки-Ки
  • Животинско царство
  • Дорина
Наградна игра ЦАРСТВО НА НАГРАДИ Продажна акција 04-05/2012 Happy Hour Диносауруси играоница Прегратка на дар Životinjsko carstvo Kikimania Gdje smo