Настани
Принт

Настани

(05.03.2018.) НАГРАДНА ИГРА -3 ЧОКОТЕРАПИИ 1 БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ

Друштво за трговија КРАШКОМЕРЦ Краш ДООЕЛ Скопје, Даме Груев 3, 1000 Скопје, Република Македонија
Тел. +389 (2) 3110-871, 3120-282; Факс + 389 (2) 3110-869, 3120-286
www.kras.mk; kraskomerc@kras.mk



Врз основа на член 126 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (Службен весник на Република Македонија бр. 24/2011 со сите измени и дополнувања), Друштво за трговија КРАШКОМЕРЦ Краш ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Даме Груев 3, 1000 Скопје, Република Македонија, ЕМБС 4273028 и ЕДБ 4030991254944 (во натамошниот текст само: Приредувач), ги утврдува следните











ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА
„3 ЧОКОТЕРАПИИ 1 БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ“

1) Назив и седиште на трговското друштво – Приредувач:
Друштво за трговија КРАШКОМЕРЦ Краш ДООЕЛ Скопје, ул. Даме Груев 3, 1000 Скопје, Република Македонија

2) Назначување на производите и услугите заради чие рекламирање се приредува наградната игра:
Рекламирање на производите од брендот Краш – ДОРИНА кои производи Приредувачот ги нуди на пазарот во Република Македонија.

3) Име, опис и времетраење на наградната игра:
3.1 Официјално име на наградната игра:
„3 чокотерапии 1 бесплатно патување"

3.2 Опис на наградната игра:
Право на учество се стекнува со купување на било кои 3 ДОРИНА чоколади, секоја со тежина поголема од 30 g и праќање на СМС од било кој мобилен оператор во Република Македонија на бројот 142 241 со содржина: број на фискална сметка во следниот формат #1234( како пример #1234) и име и презиме на учесникот. Во наградната игра секој учесник може да учествува со неограничен број на фискални сметки со тоа што еден број на фискална сметка може да испрати само еднаш.
ДОРИНА Чоколадите може да се најдат во сите продажни места на Приредувачот како и во сите подобро снабдени маркети на територијата на Република Македонија.
Вкупниот број на награди кои ќе бидат доделени е 101.

Трошоците за учество (праќање на СМС пораки) се на трошок на учесниците во наградната игра. Цена на една СМС порака е МКД 5 без ДДВ односно МКД 5,9 со вклучен ДДВ.
Наградната игра во име на Приредувачот во поглед на софтверската организација ја спроведува и сите лични податоци ги обработува НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, ул. Црвена Скопска Општина бб, 1000 Скопје, Република Македонија и со ЕМБС 6179711.
Дополнителни информации за наградната игра и за нејзиното траење ќе бидат достапни на веб страницата на www.kras.mk, на Фејсбук страницата www.facebook.com/KrasMakedonija, печатениот промотивен материјал кој ќе биде достапен на продажните места на брендот Краш – ДОРИНА, од промотивните најави на социјалните мрежи, дигиталните медиуми и од радиоогласите.

3.3 Времетраење на наградната игра:
Почеток: 00:00 часот на 05.03.2018 година
Крај: 23:59 часот на 11.04.2018 година
Вклучително обата датуми, 05.03.2018 и 11.04.2018.

4) Опис и содржина на потврдата врз чија основа се стекнува право на учество во наградната игра:
Како потврда за учество во наградната игра ќе се смета фискалната сметка која ќе му се издаде на потрошувачот при набавка на 3 ДОРИНА чоколади, секоја со тежина поголема од 30 g и СМС пораката преку која се пријавил за учество во наградната игра.
Фискалната сметка ќе биде прифатена како потврда за учество во наградната игра само доколку набавката е извршена за времетраењето на наградната игра
што се утврдува од датумот на издавање на фискалната сметка.
Податоците во приложената фискална сметка треба да соодветствуваат со податоците испратени на СМС пораката која е извлечена како добитник. Приредувачот нема да сноси никаква одговорност за СМС пораките што не ги содржат потребните информации и истите нема да бидат земени предвид како валидни.

5) Територија на која се приредува наградната игра, односно на која се врши уплатата за учество во наградната игра:
Наградната игра се организира и се спроведува на целата територија на Република Македонија.

6) Податоци за наградите во наградната игра:
Наградниот фонд е составен од вкупно 101 награда:

• ГЛАВНА НАГРАДА: Патување во месец Мај 2018 за две лица во Париз, Франција – 1 награда
Вредност на наградата: Патување во месец Мај 2018 за две лица во Париз, Франција со вклучен ДДВ изнесува: МКД 50.250

• Останати награди - ДОРИНА пакет – 100 награди
Состав на еден ДОРИНА пакет:
ШИФРА НАЗИВ НА ПРОИЗВОДОТ gr
4585 Dorina Macarons vanilija 100g 100
4586 Dorina Macarons pistacija 100g 100
4587 Dorina Macarons jagoda 100g 100
328 DORINA MLECNA 80gr 80
334 DORINA LEDENA 100gr 100
333 DORINA PUNCH 100gr 100
295 DORINA SO KEKS 80gr 80
1452 DORINA SO ORIZ 75gr 75
4582 DORINA JADRO 100G 100
4535 DORINA DOMACICA 100G 100
4052 DORINA NAPOL. 100G 100
vkupno 1,035

Вредност на наградата: еден ДОРИНА пакет со вклучен ДДВ изнесува: МКД 544
Вредноста на сите 100 ДОРИНА пакети со вклучен ДДВ изнесува: МКД 54.400

Вкупната вредност на фондот на награди изнесува МКД 104.650 (со зборови: сто и четири илјади шестотини и педесет денари) со вклучен ДДВ.
Главната награда вклучува поаѓање од Скопје, а ако добитникот на главната награда не е од Скопје, истиот сам ги плаќа трошоците за трансфер.
Наградите не е можно да се заменат, ниту е можно да се бара исплата на нивната парична противвредност. Поединечно наведените вредности на наградите претставуваат пазарна вредност на наградите на денот на прифаќање на овие правила. Секоја евентуална подоцнежна промена на пазарната вредност нема да влијае на вредноста на наградите.

7) Поединечна вредност на секоја награда од фондот на награди и вкупна вредност на фондот на награди, искажани во денари:
• Вредност на наградата: Патување во месец Мај 2018 за две лица во Париз, Франција со вклучен ДДВ изнесува: МКД 50.250
• Вредност на наградата: еден ДОРИНА пакет со вклучен ДДВ изнесува: МКД 544
• Вкупната вредност на фондот на награди изнесува МКД 104.650 (со зборови: сто и четири илјади шестотини и педесет денари) со вклучен ДДВ.

8) Услови за учество во наградната игра:
Право на учество во наградната игра, која е предмет на овие Правила, имаат сите полнолетни физички лица со постојано живеалиште во Република Македонија кои ги прифаќаат термините и условите од овие Правила.
Секој учесник во наградната игра може да учествува само под своето име и презиме и со учеството во наградната игра потврдува дека сите наведени податоци се исклучиво негови лични податоци, дека е целосно запознаен со одредбите на овие Правила и дека ги прифаќа овие Правила.
Право на учество се стекнува со купување на било кои 3 ДОРИНА чоколади, секоја со тежина поголема од 30 g и праќање на СМС од било кој мобилен оператор во Република Македонија на бројот 142 241 со содржинa: број на фискална сметка во следниот формат #XXXX (како на пример #1234) и име и презиме на учесникот. Во наградната игра секој учесник може да учествува со неограничен број на фискални сметки со тоа што еден број на фискална сметка може да испрати преку СМС порака само еднаш.

9) Текот на постапката на приредувањето, односно спроведувањето на наградната игра:
Потрошувачите кои ги исполнуваат Условите за учество во наградната игра, со купување на било кои 3 ДОРИНА чоколади, секоја со тежина поголема од 30 g и праќање на СМС од било кој мобилен оператор во Република Македонија на бројот 142 241 со содржинa: број на фискална сметка во следниот формат #XXXX (како на пример #1234) и име и презиме на учесникот во периодот од 00:00 часот на 05.03.2018 година до 23:59 часот на 11.04.2018 година стануваат потенцијални добитници на некоја од наградите од Наградниот фонд од овие Правила.
Во случај Приредувачот да процени и докаже дека учесникот не ги почитувал Правилата на наградната игра, има право во било кој момент да ги окаже сите обврски кон учесникот.
Добитникот не должи никакви даноци, обврски, ниту надоместоци директно поврзани со наградите.
Наградната игра може да се прекине во случај на виша сила. Под виша сила се подразбира настапување на вонредни околности кои не можеле да се предвидат, избегнат или отстранат.
Во случај во наградната игра да се пријават помал број учесници од бројот на наградите предвидени со наградниот фонд, наградите ќе се доделуваат според дефиниран редослед на наградите во наградниот фонд додека не се наградат сите пријавени учесници.
Во случај на печатни грешки во рекламните материјали Приредувачот нема да носи никаква одговорност.

10) Место, време, начин, постапка и контрола на извлекувањето на наградите, односно на определувањето на добивките и добитниците:
Извлекувањето на добитниците ќе се одржи во просториите на Друштво за трговија КРАШКОМЕРЦ Краш ДООЕЛ Скопје на ул. Даме Груев 3, 1000 Скопје, Република Македонија на ден 16.04.2018 година во 12:00 часот, а ќе се изврши автоматски по пат на случаен избор на добитниците со користење на компјутерскa програма – софтвер, во присуство на тричлена комисија за извлекување именувана од Приредувачот, која ќе ја надгледува исправноста на извлекувањето и за истото ќе води записник.

Во извлекувањето учествуваат сите СМС пораки примени во периодот на траење на наградната игра – од од 00:00 часот на 05.03.2018 година до 23:59 часот на 11.04.2018 година, а кои ги задоволуваат условите на овие Правила. СМС пораките кои стигнале пред или после наведените датуми немаат право на учество во наградната игра .

11) Начин на објавување на резултатите, односно добитниците на наградите:
Имињата на добитниците ќе бидат објавени во рок од 48 часа од извлекувањето на веб страницата на www.kras.mk и на Фејсбук страницата www.facebook.com/KrasMakedonija, а секој добитник ќе биде известен и преку СМС порака. Добитникот на главната награда ќе биде писмено известен за добиената награда во рок од 3 дена од извлекувањето на добитниците на наградите.

Со учество во наградната игра учесниците даваат согласност во случај на добивање на некоја од наградите, Приредувачот да има право да го објави и користи нивното име, презиме, адреса и слика без надомест, во било каков печатен, звучен, сликовен или видео материјал.


12) Начин на исплатата, односно остварување на добивката:
Секој добитник својата награда ќе може да ја подигне во просториите на Приредувачот Друштво за трговија КРАШКОМЕРЦ Краш ДООЕЛ Скопје на ул. Даме Груев 3, 1000 Скопје, Република Македонија, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.
Ако добитникот на наградата во пропишаниот рок кој е наведен во претходниот став, не ја подигнал наградата, повторно во рок од 8 дена писмено ќе биде известен за добиената награда, а дополнителниот рок за преземање на наградата е 10 дена од денот на приемот на таквото известување.
По истекување на рокот од став 1 и став 2 од оваа Точка, наградите нема да може да се преземат.
За преземање на наградата добитникот е должен да приложи валиден документ за идентификација, СМС порaката преку која се пријавил за учество во наградната игра, како и фискалната сметка за купувањето на ДОРИНА производот кој е пријавен преку добитната СМС порака. Доколку добитникот сака да ја пренесе наградата на друго лице ќе треба да потпише согласност дека ја пренесува наградата.
При преземање на главната награда: Патување во месец Мај 2018 за две лица во Париз, Франција, добитникот мора да потпише Записник за примопредавање. Со потпишување на Записникот за примопредавање и преземање на наградата престануваат сите понатамошни обврски на Приредувачот кон добитникот.
Приредувачот не ги сноси патните трошоци поврзани со преземањето на наградата од страна на добитниците.
Доколку било кој добитник од која било причина не е во можност да ја подигне наградата, може да назначи лице што ќе го стори тоа во негово име на начин што претходно писмено ќе го извести Приредувачот на е-маил во кој ќе даде податоци за лицето кое го назначува за подигање на наградата. Ако добитникот го откаже подигнувањето на наградата од која било причина, должен е за тоа да го извести Приредувачот.

13) Рок во кој се врши исплатата, односно остварување на добивката:
Рокот за преземање на наградите од наградната игра е 30 дена од денот на приемот на писменото известување за добиената награда.
Со плаќањето на персоналниот данок и преземањето на наградите престануваат понатамошните обврски на Приредувачот. Приредувачот нема никаква одговорност што може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќањето штети или тужби што на некаков начин се поврзани со користењето на наградата.


14) Начин на запознавање на учесниците во наградната играта со правилата на играта:
Правилата на играта ќе бидат објавени на Интернет страницата: www.kras.mk пред започнување на наградната игра, а по добивањето согласност за приредување на наградна игра од страна на Министерството за финансии на Република Македонија.

15) Рок во кој незадоволниот учесник во наградната игра има право да поднесе приговор против приредувачот на наградната игра:
Секој учесник во наградната игра има право да поднесе писмен приговор до Приредувачот во рок од 5 (пет) работни дена сметано од денот на објавување на резултатите. Приговорот треба да се испрати на адресата на седиштето на Приредувачот.
Приредувачот има обврска писмено да одговори на приговорот на учесникот во наградната игра во рок 5 (пет) работни дена сметано од денот на прием на истиот.
Во случај на спор, надлежен е судот во Скопје.

16) Забрана за учество во наградната игра на вработените кај приредувачот на наградната игра, како и членовите на нивните потесни семејства:
Во наградната игра не може да учествуваат вработените во Приредувачот Друштво за трговија КРАШКОМЕРЦ Краш ДООЕЛ Скопје, ул. Даме Груев 3, 1000 Скопје, Република Македонија или членовите на нивните потесни семејства и вработените во НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, Ул Црвена Скопска Општина бб, 1000 Скопје, Република Македонија и со ЕМБС 6179711.

Скопје, 14.02.2018 година

За
КРАШКОМЕРЦ Краш ДООЕЛ Скопје
Потпишува,
Јован Донев Управител






назад
Пакомак и Краш АКЦИЈА Играоница Kikimania Gdje smo Прегратка на дар