Настани
Принт

Настани

(19.07.2010.) Информации за франшиза

KRАШ И FRANCHISING - ДЕЛОВНА СОРАБОТКА СО ПРИВАТНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ

FRANCHIZING (во понатамошниот текст: ФРАНШИЗА), како многу исплатлива форма на деловна соработка помеѓу приватните компании (приматели на франшиза и КРАШКОМЕРЦ д.о.о.е.л. (давател на франшиза), го применуваме од 1994 година. Оваа форма на деловна соработка се покажа како многу успешна и доведува до повеќе позитивни деловни резултати од оние кои би ги добиле во случај на самостоен настап од двете страни.

Основна корист за компанијата-примател на франшиза е влезот во веќе разработен бизнис на стандардизирани продавници, т.е. влез во малопродажната мрежа на Крашови продавници . Од друга страна, КРАШКОМЕРЦ д.о.о.е.л. на овој начин ја шири својата малопродажна мрежа без инвестициски вложувања во продажниот простор. Целиот концепт ќе биде појасен кога ќе ги наведеме основните права и обврски на двете страни:

Потенцијалниот примател на франшиза треба:
• Да понуди деловен простор за продавница на КРАШ, прифатлив за давателот на франшизата,
• Да ги набави сите потребни дозволи за отварање и работа на продавницата,
• Како работодавец, да понуди персонал кој ќе работи во продавницата и кој ќе биде платен од негова страна
• Да го упати персоналот на продавницата на обука кај давателот на франшизата,
• Да ја прифати контролната улога на давател на франшиза,
• Да ја опреми продавницата на свој трошок, според поставените барања за стандард во поглед на изгледот и уреденоста на продавница КРАШ,
• Да обезбеди гаранција за испорачаната залиха на стока во продавницата до моментот на продажба, а која е во сопственост на давателот на франшиза, и тоа во форма на банкарска гаранција, фидуцијарна сопственост или хипотека, зависно од договорот

Давател на франшиза
• Ја снабдува продавницата со целиот асортиман на КРАШ производи, како и со дополнителен асортиман од проверени добавувачи. Комплетната залиха на стока во продавницата до моментот продажба е во сопственост на давателот на франшизата,
• Ја опремува продавницата однадвор (со светлечки дисплеј – знак КРАШ, како и натпис однадвор BOMBONNIERE KRAŠ), и внатре (со екипа на наши дизајнери и аранжери) со рекламен материјал,
• Врши обука на персоналот од продавницата за комплетното работење: начинот на услужување на купувачите, работа на каса, компјутерски систем, аранжирање на пакување на производи, итн., заради задоволување на нивото на стандард за стручност на Крашови продавачи,
• Со вклучување на продавницата примател на франшиза во својата малопродажна мрежа, и дава рамноправен третман со продавниците кои ги поседува во своја сопственост и го пренесува знаењето и технологијата на работење на примателот на франшиза
• Дава поддршка преку комерцијални, финансиски и сметководствени совети,
• Ја вклучува продавницата примател на франшиза во своите промотивни акции, дегустации, наградни игри, снижувања и акциски продажби, ја снабдува со рекламен материјал, итн.
• Плаќа на примателот на франшизата франшизен надомест како удел во маржата од продадена стока.
Примателот на франшиза е должен секојдневно да го уплатува дневниот промет од продавницата на жиро-сметка на давателот на франшиза во текот на цела работна недела и да испраќа неделен извештај за продажба на стока.
Давателот на франшиза врз основа на споменатиот неделен извештај врши уплата на жиро сметката на примателот на франшиза во вредност на договорениот дел од маржата за остварена продажба.

Врз основа на нашето досегашно искуство од оваа форма на работење, можеме да кажеме дека е актуелна заради пазарно-комерцијалната и правната несигурност со која се соочува секој самостоен приватен претприемач.

Во однос на поголемите трговски компании кои врз основа на купени поголеми количини на трговска стока добиваат дополнителни количински рабати, работат со поголем прилив на пари и подобро го покриваат пазарот заради пошироката продажна мрежа, а кои се поставуваат кон малите трговци од позиција на посилен, малиот приватник претприемач се соочува со проблемите за неможност на наплата на своите побарувања и бавноста на правосудниот систем.

Резултат на сето ова е откажување на малиот приватник претприемач од отворање на самостојна продавница.

Но, во ситуации кога поголем трговец (во нашиот случај Крашкомерц д.о.о.е.л.) стои позади малиот приватник претприемач (според системот на франшиза), тогаш горенаведените проблеми со големиот трговец се преобразуваат во корист. Исто така, примателот на франшиза добива трговско признато име (во овој случај КРАШ). Негова грижа останува само висината на прометот од кој добива франшизен надомест, а кој треба да ги покрие трошоците за вработените во продавницата и режиските трошоци.

Покрај овие основни информации, во случај на ваша сериозна заинтересираност, можете да добиете дополнителни информации во КРАШКОМЕРЦ д.о.о.е.л. Скопје, Даме Груев 3 на тел. 02/3120-282 (контакт лице: г. Азур Абаџиќ).

Со желба за успешна заедничка соработка, која треба да донесе обострана корист, срдечно Ве поздравуваме.


ДИРЕКТОР

КРАШКОМЕРЦ д.о.о.е.л Скопје
Азур Абаџиќ, дипл.маш.инж.

назад
Продажна акција 02/2012 ПРАЗНИЧНА ПРОМОЦИЈА! Диносауруси играоница Прегратка на дар Наградна игра 15 НАЈЖИВОТНИ Životinjsko carstvo Kikimania Gdje smo